Најниска температура од -4 степени утрово е измерена во Берово, соопшти УХМР.
Следат со -3 степени Целзиусови Лазарополе, -2 во Попова Шапка, Маврови Анови и Битола, -1 во Скопје кај Петровец, Тетово и во Крушево, 0 степени во Крива Паланка, Прилеп, Штип и во Струмица, 1 Охрид, Виница, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, 2 во Претор, Куманово, Кавадарци и Велес и 3 степени во Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

