Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, испрати порака дека рускиот претседател Владимир Путин нема право на вето кога станува збор за прашањата поврзани со европската безбедност.
Според неа, какви било идни мировни договори или решенија за завршување на војната во Украина мора да гарантираат дека Русија нема да биде во состојба повторно да се вооружува и да изврши нова агресија. Калас нагласи дека секој договор бара активна улога и учество на Европската Унија – од безбедносните гаранции, санкциите и обновата, па сè до европската интеграција на Украина.
Таа подвлече дека Европа има клучни безбедносни интереси и цврсто стои на страната на Украина, отфрлајќи ги претен

