Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по одделни котлини наутро ќе има услови за појава на магла.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје и околината се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер.
Од УХМР информираат дека за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
Од понеделник па до крајот на следната недела се очекува дестабилизација и услови за локален дожд, додека по котлините и понатаму ќе има појава на утринска магла.

