Close Menu
Press24
    Најново

    МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Стратешките со износ од 18.000 денари, социјалните и за успех по 6.050 денари

    06.11.2026 во 16:28

    Приведени две лица во Скопје: Полицијата заплени пиштоли и муниција во Ченто и Центар

    06.11.2026 во 16:15

    Нова безбедносна тревога во Прага: Полицијата проверува девет авиони по дојави за поставени бомби

    06.11.2026 во 16:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Стратешките со износ од 18.000 денари, социјалните и за успех по 6.050 денари
    • Приведени две лица во Скопје: Полицијата заплени пиштоли и муниција во Ченто и Центар
    • Нова безбедносна тревога во Прага: Полицијата проверува девет авиони по дојави за поставени бомби
    • МВР казни 43 возачи на камиони во Скопје
    • Угостителите во Скопје ќе можат да фрлаат отпад до 1 часот по полноќ
    • Инцидент во Охрид: Викал и дивеел на улица, па со стаклен предмет оштетил автомобил
    • Јаневска за врсничкото насилство: Грижата за децата не е само на институциите, родителите мора да се вклучат
    • МФ: Европската комисија го нотира напредокот во спроведените реформи во управувањето со јавните финансии
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Стратешките со износ од 18.000 денари, социјалните и за успех по 6.050 денари

    МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Стратешките со износ од 18.000 денари, социјалните и за успех по 6.050 денари

    06.11.2026 во 16:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука објави нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува нов модел на распределба на државната поддршка.

    Според соопштението од МОН, и покрај воведувањето на нови категории, вкупниот број на стипендии останува непроменет – 3.000. Новиот концепт ги дели стипендиите во три основни категории.

    Во рамки на категоријата за социјална поддршка се доделуваат 1.200 стипендии, при што за првпат се воведуваат посебни стипендии за студенти со попреченост (50 стипендии) и студенти со ретки болести (50 стипендии).

    Новина е воведувањето на 1.050 стратешки стипендии за студенти запишани на студиски програми од посебно значење за државата, утврдени од Националниот совет за високо образование – математика, физика, хемија, земјоделство, шумарство, наставна биологија и рударство. Третата категорија опфаќа 750 стипендии за студенти со висок академски успех и просек од најмалку 8,50.

    За стратешките стипендии месечниот износ изнесува 18.000 денари, додека за социјалните стипендии и за оние за висок академски успех изнесува 6.050 денари, а се исплаќаат девет месеци во годината.

    Пријавувањето се врши исклучително електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk во периодот од 6 до 20 ноември 2026 година. Од МОН исто така известуваат дека во тек е и пријавувањето за 15 стипендии за студии по македонски јазик, како и конкурсот за поврат на средства за купен музички инструмент.

    Прочитај повеќе

    МФ: Европската комисија го нотира напредокот во спроведените реформи во управувањето со јавните финансии

    06.11.2026 во 14:59

    Од 1 декември потешко до банкарски кредит: Народната банка ги заострува условите за граѓаните

    06.11.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.