Close Menu
Press24
    Најново

    Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ

    06.11.2026 во 13:38

    Тошковски од Будва: Македонија не чека да стане членка на ЕУ за да се однесува одговорно кон европската безбедност

    06.11.2026 во 13:34

    Бизнисменот Азманов натепан во судница во Скопје

    06.11.2026 во 13:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ
    • Тошковски од Будва: Македонија не чека да стане членка на ЕУ за да се однесува одговорно кон европската безбедност
    • Бизнисменот Азманов натепан во судница во Скопје
    • Камион удри во пешак во Чаир: Повредениот е хоспитализиран со тешки повреди
    • Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција
    • Петрушевски: СДС шират лажни вести и паника за партиски поени, ЈО веднаш да отвори случај
    • Кривична пријава за двајца тетовци: Лажирале договор за купопродажба за да препишат стан
    • Разбиена криминална група во Куманово: Позајмиле 4.000 евра со камата од 2.500, па барале и автомобил како залог
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ

    Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ

    06.11.2026 во 13:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски го копира Вучиќ, и кога нема одговори за Алта банка, се заканува на СДСМ, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски. На прес-конференцијата, Фрчкоски појасни дека Мицкоски ги презема истите методи што Вучиќ ги користеше против студентите и опозицијата во Србија, обвинувајќи ги дека го рушат уставниот поредок. Тој посочи дека Мицкоски наместо да одговори кој дозволил влез на банка со сомнителен капитал во македонскиот финансиски систем, се заканува на СДСМ која што ги изнесува вистините за Алта банка.

    „Затоа е во паника и се обидува на ист начин да се заканува како што Вучиќ правеше со студентите и опозицијата во Србија кои ги нарекуваше терористи кои го рушат уставниот поредок. Повикувањето на членови од кривичниот законик за ширење паника во Србија доведе до апсења на опозицијата. Сега Мицкоски прави copy-paste на одлуките на Вучиќ и заканите по негов налог“, рече Фрчкоски.

    Фрчкоски нагласи дека зад нападите врз СДСМ се крие стравот на Мицкоски од вистината за Алта банка, бидејќи токму тој и Трајко Славески ги имале сите информации и можноста да спречат влез на банка со сомнителен капитал.

    „Мицкоски е во паника поради вистината за Алта банка. Приказната почна да се одмотува.

    Мицкоски и Славески мора да одговараат што дозволија влез на банка со сомнителен капитал – пералница на Вучиќ“, рече Фрчкоски.

    Тој порача дека наместо да се заканува на СДСМ на владини прес-конференции и да го повикува Обвинителството да не гони, Мицкоски треба да даде одговори за сопствената улога и за одлуките што биле донесени во врска со Алта банка.

    „Затоа, кога Христијан Мицкоски го повикува обвинителството, прво нека го повика во својата канцеларија, кај себе во Владата.Потоа може да ги упати и кај Трајко Славески, во Народната банка. Нека кажат што им донесе Вучиќ. Банка за перење пари од криминал и од корупција“, рече Фрчкоски.

    Прочитај повеќе

    Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција

    06.11.2026 во 13:14

    Петрушевски: СДС шират лажни вести и паника за партиски поени, ЈО веднаш да отвори случај

    06.11.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.