Close Menu
Press24
    Најново

    Инцидент во Охрид: Викал и дивеел на улица, па со стаклен предмет оштетил автомобил

    06.11.2026 во 15:26

    Јаневска за врсничкото насилство: Грижата за децата не е само на институциите, родителите мора да се вклучат

    06.11.2026 во 15:09

    МФ: Европската комисија го нотира напредокот во спроведените реформи во управувањето со јавните финансии

    06.11.2026 во 14:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент во Охрид: Викал и дивеел на улица, па со стаклен предмет оштетил автомобил
    • Јаневска за врсничкото насилство: Грижата за децата не е само на институциите, родителите мора да се вклучат
    • МФ: Европската комисија го нотира напредокот во спроведените реформи во управувањето со јавните финансии
    • Минчев од Куманово: Знаењето мора да стане сила на администрацијата, а граѓаните да добијат подобри услуги
    • Кривичен одлучи за вчерашната акција во Куманово: Двајца во притвор, еден во куќен притвор, а еден е во бегство
    • Мицкоски најавува средби со потенцијални купувачи на Алта Банка
    • Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните измени сега немаше да бидат услов
    • Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски од Будва: Македонија не чека да стане членка на ЕУ за да се однесува одговорно кон европската безбедност

    Тошковски од Будва: Македонија не чека да стане членка на ЕУ за да се однесува одговорно кон европската безбедност

    06.11.2026 во 13:344 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Будва, Црна Гора, во присуство на министри од земјите на Западен Балкан и претставници на европските институции и агенции.

    Во рамки на форумот, министерот Тошковски имаше две обраќања посветени на управувањето со миграцијата и граничната безбедност, како и на борбата против современите форми на криминал во дигиталната ера.

    Говорејќи за миграциските предизвици, Тошковски ја нагласи стратешката улога на Македонија на балканската миграциска рута и конкретниот придонес на македонската полиција во заштитата на европската безбедност.

    „Македонија не чека да стане членка на Европската Унија за да се однесува одговорно кон европската безбедност. Ние таа одговорност веќе ја преземаме. Ја преземаме преку нашата гранична полиција, преку заедничките операции со Фронтекс, преку борбата против криумчарските мрежи и преку конкретното усогласување со европските политики“, истакна Тошковски.

    Тој посочи дека во првите десет месеци од 2026 година е регистрирано зголемување од 29 проценти на обидите за нелегален премин на државната граница во споредба со претходната година, додека во истиот период се откриени 23 случаи на криумчарење на вкупно 144 мигранти, со преземени мерки на кривичен прогон против 38 сторители.

    Посебно внимание беше посветено на соработката со Фронтекс, чија заедничка операција со македонската полиција, започната на јужната граница во 2023 година, во август годинава беше проширена и на северната граница, а во завршна фаза се подготовките за проширување и на западната граница.

    „Успешната соработка со Фронтекс покажува дека Македонија има и капацитет и политичка волја да презема одговорност. Но, истовремено покажува и дека вложувањето во нашите гранични капацитети е директно вложување во заедничката европска безбедност“, нагласи министерот, потенцирајќи ја потребата од натамошна техничка, кадровска и финансиска поддршка од Европската Унија.

    Во своето обраќање, Тошковски се осврна и на напредокот во усогласувањето со европските политики за миграција и азил, особено во делот на визната политика, каде што Македонија има постигнато речиси целосна усогласеност со европската листа на држави чии државјани подлежат на визен режим.

    Во второто обраќање, посветено на криминалот во дигиталната ера, министерот предупреди на растечките предизвици поврзани со сајберкриминалот, онлајн измамите, злоупотребата на криптовалутите и вештачката интелигенција за криминални цели.

    „Криминалот веќе функционира без граници. Нашиот одговор мора да биде подеднакво поврзан, брз и ефикасен“, порача Тошковски.

    Тој го истакна и формирањето на новото специјализирано Одделение за истраги за злоупотреби на деца на интернет и истраги од отворени извори во рамки на МВР, со надлежност на национално ниво, како значаен чекор во зајакнувањето на капацитетите за заштита на децата од сексуална експлоатација во дигиталниот простор.

    Министерот повика на посилна оперативна интеграција на земјите од Западен Балкан во европските механизми за борба против криминалот, побрза размена на информации и електронски докази, како и поголеми инвестиции во дигиталната форензика, напредните аналитички алатки и одговорната примена на вештачката интелигенција во полициското работење.

    „Нашиот заеднички успех не треба да го мериме само преку бројот на реализирани проекти или обуки, туку преку бројот на заштитени жртви, успешно спроведени заеднички истраги, разбиени криминални мрежи, навремено обезбедени електронски докази и одземени незаконски стекнати средства“, истакна Тошковски.

    На маргините на форумот, министерот Тошковски оствари и билатерална средба со Нина Грегори, извршна директорка на Агенцијата на Европската Унија за азил (EUAA).

    На средбата беше разговарано за досегашната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Агенцијата, можностите за нејзино понатамошно продлабочување, како и за поддршката во процесот на усогласување на националното законодавство и институционалните практики со европските стандарди во областа на азилот и меѓународната заштита.

    Посебен акцент беше ставен на јакнењето на административните и оперативните капацитети, размената на експертиза и продолжувањето на заедничките активности насочени кон воспоставување поефикасен и функционален систем за азил.

    Учеството на министерот Тошковски на форумот во Будва беше можност за афирмирање на конкретните резултати на македонската полиција, унапредување на соработката со европските институции и потврдување на улогата на Македонија како активен партнер во справувањето со заедничките безбедносни предизвици.

    Прочитај повеќе

    Инцидент во Охрид: Викал и дивеел на улица, па со стаклен предмет оштетил автомобил

    06.11.2026 во 15:26

    Јаневска за врсничкото насилство: Грижата за децата не е само на институциите, родителите мора да се вклучат

    06.11.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.