Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија
    • Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно
    • Есента полека доаѓа: Од среда 4 степени наутро – неделна временска прогноза
    • Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп
    • Цветна елеганција на Претседателката Сиљановска во Битола
    • „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
    • Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Овие четири години за Скопје се изгубени, сега на градот му треба силна трансформација

    Николоски: Овие четири години за Скопје се изгубени, сега на градот му треба силна трансформација

    30.09.2025 во 15:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Овие четири години за Скопје се изгубени, сега на градот му треба силна трансформација и ние како Влада и Министерство за транспорт ќе дадеме силна поддршка во реализација на капиталните проекти за Скопје, градскиот воз, новите еколошки автобуси и инфраструктура, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.  

     ,,На Скопје му треба силна трансформација, новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во Минстерството за транспорт.  Сакам да најавам за градскиот воз, тоа е нешто што го ветивме и ќе го реализираме. Во однос на првата делница, избран е изведувач и потпишан е договор за делницата од Зелениково, преку Драчево, помеѓу населбите Кисела Вода и Аеродром и завршува на новата железничка станица. Деновиве тој изведувач ќе биде воведен во работа и очекувам првата линија напролет да е функционална. Следната година во рамки на финансиските можности ќе продолжиме со избор на изведувач за другите две линии и на тој начин да го заокружиме прстенот и да имаме функционален воз кој што ќе се надоврзува на автобусите на ЈСП и на тој начин да имаме евтин превоз, да имаме точен и брз превоз и секако да се растерети гужвата“, истакна Николоски.

    Најави дека после изборите повторно ќе се распише тендерот за 120 еколошки автобуси.

    ,,Веднаш по завршување на изборите, откако ќе завршат овие законски  ограничувања ќе ја продолжиме оваа постапка. Набавуваме 120 автобуси, 80 за Град Скопје и 40 за другите општини. ЈСП треба да има целосна промена  на флотата, сега има 250 автобуси и сите тие треба да бидат променети во годините пред нас и тука градот ќе има огромна подршка”, додаде потпретседателот Николоски.

    Николоски и кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска извшија увид во реконструкција на улици во општина Кисела Вода. Тие најавија пробивање на улицата Есенинова на потегот од месноста Чешма до  Шампионче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.