Close Menu
Press24
    Најново

    Вонредна состојба во Германија: Се преврте камион со киселина

    06.11.2026 во 11:39

    ФОТО: Скриено богатство кај Скопје – По речиси 90 години потврдено постоењето на антички мозаик

    06.11.2026 во 11:34

    Македонија се интегрира во европските гасни коридори: Божиновска ги претстави енергетските проекти во Загреб

    06.11.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вонредна состојба во Германија: Се преврте камион со киселина
    • ФОТО: Скриено богатство кај Скопје – По речиси 90 години потврдено постоењето на антички мозаик
    • Македонија се интегрира во европските гасни коридори: Божиновска ги претстави енергетските проекти во Загреб
    • Сообраќајна несреќа со училишен автобус во Франција, има жртви
    • Ѓорѓиевски најавува алатки за спречување корупција во Скопје: „Одговорност за секоја одлука, отчетност за секој денар”
    • Од 1 декември потешко до банкарски кредит: Народната банка ги заострува условите за граѓаните
    • Разбиена криминална мрежа во Грција: Уапсени 10 лица за криумчарење на над 500 мигранти
    • Крадел што му дојде при рака – Македонската полиција фати крадец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вонредна состојба во Германија: Се преврте камион со киселина

    Вонредна состојба во Германија: Се преврте камион со киселина

    06.11.2026 во 11:391 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Голема опасност од истекување на азотна киселина предизвика вонредна состојба во германскиот град Крефелд, откако камион со таков товар се преврте на автопатот А57. Несреќата предизвика масовна интервенција на итните служби, затворање на патот и прекин на повеќе железнички линии кон Диселдорф.

    Инцидентот се случил во текот на ноќта во близина на клучката „Крефелд-Центрум“. Возачот на камионот бил повреден и пренесен во болница, додека од возилото започнала да истекува корозивната супстанција.

    На терен се испратени околу 150 пожарникари и припадници на итните служби кои со специјализирана заштитна опрема работат на спречување на понатамошно истекување. Поради хемискиот ризик, властите воспоставија безбедносна зона во радиус од еден километар и целосно ја затворија делницата на автопатот А57 меѓу Крефелд-Опум и Крефелд-Гартенштат.

    Сообраќајниот колапс опфати и повеќе регионални железнички линии, меѓу кои RE 10, RE 7, RE 42, RB 33, RB 35 и RB 37, поради што патниците кон Диселдорф се соочуваат со откажани возови и доцнења.

    Германските власти преку апликацијата „NINA“ издадоа предупредување за екстремна опасност до жителите на погодената област. На граѓаните им е препорачано да ги затворат прозорците и вратите и да ги исклучат климатизациските системи, додека четири училишта и две градинки во Крефелд се затворени.

    Прочитај повеќе

    Сообраќајна несреќа со училишен автобус во Франција, има жртви

    06.11.2026 во 11:09

    Разбиена криминална мрежа во Грција: Уапсени 10 лица за криумчарење на над 500 мигранти

    06.11.2026 во 10:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.