Четири кражби во домови на подрачјето на Кочани се расчистуваат откако полицијата го приведе 43-годишниот Д.С. од Кочани, осомничен дека во изминатиот период провалувал во куќи и одземал предмети.
По судска наредба, полицијата извршила претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите.
По документирањето на случаите, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава.

