Дел од жителите на улицата „Џон Кенеди“ денеска ќе останат без вода, додека во населбата Топанско Поле ќе има намален притисок во водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Ферид Заири“ бр. 12.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

