Close Menu
Press24
    Најново

    Ученик активирал солзавец за време на час

    05.11.2026 во 22:17

    Падот на банката ја однесе фотелјата: Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења поднесе оставка

    05.11.2026 во 22:07

    Масакр во Турција: Осуммина убиени на три различни локации, полицијата трага по напаѓачот

    05.11.2026 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ученик активирал солзавец за време на час
    • Падот на банката ја однесе фотелјата: Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења поднесе оставка
    • Масакр во Турција: Осуммина убиени на три различни локации, полицијата трага по напаѓачот
    • Шасивари: Косово е важен партнер, продолжува зајакнувањето на институционалната соработка
    • Министерката Јаневска за извештајот на ЕК: Горда сум на сработеното
    • Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка 
    • Муцунски: ЕK потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат
    • Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ученик активирал солзавец за време на час

    Ученик активирал солзавец за време на час

    05.11.2026 во 22:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ученик активирал солзавец за време на настава во средното уметничко училиште. Инцидентот го пријавил загрижен родител, кој вели дека една недела по овој сериозен инцидент нема никаков одговор од институциите, и покрај тоа што сериозно биле загрозени здравјето и безбедноста на учениците, пренесува Сител ТВ.

    За време на часот по сликарство, ученик од четврта година, од смерот сликарски дизајн, активирал солзавец во ателјето каде што се одржувала наставата. Во паника и страв, учениците, во обид да побараат помош од училишниот менаџмент на „Лазар Личеноски“, наишле на затворени врати. Единствена помош им пружила класната раководителка.

    Професорот не бил присутен на часот, односно тој ден бил отсутен од работа. Учениците побарале помош од класната раководителка Е. В., која се загрижила за настанатата ситуација, соодветно реагирала и презела мерки за заштита на сите ученици.

    Учениците сакале да дадат изјава пред психологот Т. Ч. и да побараат помош, но не можеле да стапат во контакт со неа бидејќи не била на работното место. Помош побарале и од директорот на училиштето Д. Ф., но и тој не бил присутен.

    Родителите се револтирани што и една недела по овој инцидент не се преземени мерки од надлежните образовни институции. Бараат итно да се санкционира сторителот, но и да се утврди одговорноста кај одговорните лица во училиштето „Лазар Личеноски“.

    Директорката на Државниот просветен инспекторат за Сител изјавила дека претставката кај нив пристигнала вчера, дека веќе е процесуирана и дека во најскоро време ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор. Оттаму велат дека евентуалните мерки дополнително ќе бидат утврдени од страна на инспекторот по завршувањето на надзорот.

    Прочитај повеќе

    Шасивари: Косово е важен партнер, продолжува зајакнувањето на институционалната соработка

    05.11.2026 во 21:25

    Министерката Јаневска за извештајот на ЕК: Горда сум на сработеното

    05.11.2026 во 21:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.