Close Menu
Press24
    Најново

    Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

    05.11.2026 во 19:39

    Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат

    05.11.2026 во 19:34

    Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

    05.11.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање
    • Стојаноска: СДС ја одолговлекува надзорната расправа за Алта банка и шират паника меѓу граѓаните, но за тоа треба да одговараат
    • Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите
    • МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство
    • Димитриеска-Кочоска: Обвинувањата за јавниот долг се неосновани 
    • Мицкоски: Користењето на порталот за е-услуги е двојно зголемено
    • Нов скок на светските берзи: Цената на нафтата повторно во пораст
    • Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без влијание во мировните преговори за Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

    Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

    05.11.2026 во 19:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од темите за која дискутираа советниците беше за мерката за ослободување од комуналии наменета за младите брачни парови, а која ќе важи и за самохрани родители до 40 години. Со оваа мерка, истите ќе се ослободат од делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште, или 60 отсто од вкупни комуналии.

    ,,Младите до 40 години, ќе имаат можност да изградат свој дом без плаќање на комуналии. Со многу мерки, како и на Владата, така и на Град Скопје, овој период се овозможија доста можности на младите. За оваа година, како јаготката на шлагот, во оваа година од новиот мандат на ова раководство. Ја поздравувам оваа одлука и препорачувам да едногласно ја донесеме во Советот на Град Скопје“, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ,  Анета Марковска Илиевска.

    ,,Со оваа одлука, се врши ослободување од плаќање на комуналии на млади брачни парови и самохрани родители до 40 години, за една станбена единица, односно куќа до 120 метри кавдратни. Апликантите треба да имаат потврда од Катастар дека немаат имот за живеење. Ова е една од мерките со која што градот Скопје директно помага на младите брачни парови и самохраните родители за решавање на станбеното прашање“, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Кукески. 

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Зборот е збор – Градиме две нови средни училишта во Скопје

    05.11.2026 во 16:51

    Герасимовски: 37 ученици од Центар добија стипендии, зголемена финансиската поддршка за талентираните ученици

    05.11.2026 во 13:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.