Цените на нафтата на светските берзи повторно бележат зголемување на тргувањето.
На берзата во Лондон, барелом нафта се тргуваше по цена од 97,05 долари, што претставува зголемување за 2,43 долари во споредба со претходниот ден. Позитивен тренд и раст на вредноста е забележан и на американските пазари, каде цените исто така отидоа нагоре.
Инвеститорите и пазарните аналитичари со внимание ги следат понатамошните движења на светските енергетски пазари и влијанието врз глобалната економија.

