Трагичниот настан во Богданци, во кој животот го загубија 17-годишна девојка и 21-годишно момче, предизвика силни реакции и привлече внимание и надвор од локалната средина. Веста за случајот беше пренесена од повеќе медиуми во регионот.
За трагедијата пишуваат „Блиц“, „Телеграф“ и „24седам“, како и албанските медиуми „Алфакс“ и „Коха“. Веста за смртта на двајцата млади ја пренесоа со наслови кои ја истакнуваат трагичната судбина на 17-годишната девојка и 21-годишното момче.
- „Блиц“: „Билјана (17) и Виктор (21) пронајдени мртви – трагедија кај Богданци: Се сомнева на убиство и самоубиство“.
- „Телеграф“: „Билјана (17) пронајдена мртва во запален автомобил, а Виктор (21) пронајден обесен: Трагедија кај Богданци“.
- „24седам“: „Билјана (17) пронајдена мртва во запален автомобил, а Виктор (21) пронајден обесен: Ужас кај Богданци“.
- „Алфакс“: „Двајца млади пронајдени мртви во Богданци, сомнежи за убиство и самоубиство“.
- „Коха“: „21-годишен маж и неговата 17-годишна девојка се двете жртви пронајдени во запален автомобил“.
Случајот повторно ја отвори и пошироката тема за насилството врз жените и девојчињата, особено по информациите дека малолетната девојка претходно пријавувала насилство и закани од момчето.
Во фокусот на јавноста се најде и прашањето за институционалната заштита на жртвите на семејно и партнерско насилство, како и за постапувањето по претходните пријави.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите на случајот.

