Close Menu
Press24
    Најново

    Средба во седиштето на НАТО командата: Претседателката оствари разговор со генералот Алексус Грегори Гринкевич

    04.11.2026 во 18:42

    Џеј Ди Венс отворено призна: Војната со Иран е главната причина за изборниот пораз на републиканците

    04.11.2026 во 18:23

    Данска на нозе: Илјадници студенти протестираат против кратењето на државната помош за сметка на војската

    04.11.2026 во 18:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Средба во седиштето на НАТО командата: Претседателката оствари разговор со генералот Алексус Грегори Гринкевич
    • Џеј Ди Венс отворено призна: Војната со Иран е главната причина за изборниот пораз на републиканците
    • Данска на нозе: Илјадници студенти протестираат против кратењето на државната помош за сметка на војската
    • Јаневска за истрагата на УГД Штип: Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот
    • Возачите научија каде се камерите на Сејф сити и возат побавно, МВР најави нов начин на санкционирање на „непослушните“
    • Сали на Европската академија во Берлин: Постепената интеграција треба да донесе конкретни резултати пред членството во ЕУ
    • Мрежа против насилство: Уште колку животи треба да се изгубат додека Собранието расправа за „прогресивни“ закони?
    • Утре евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи Извештајот за напредокот на премиерот Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба во седиштето на НАТО командата: Претседателката оствари разговор со генералот Алексус Грегори Гринкевич

    Средба во седиштето на НАТО командата: Претседателката оствари разговор со генералот Алексус Грегори Гринкевич

    04.11.2026 во 18:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа, оствари средба со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа.

    Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на земјата на колективната одбрана и придонесот кон безбедноста на сојузниците, истакнувајќи дека стабилноста на Западен Балкан е неразделна од безбедноста на пошироката евроатлантска заедница. Според претседателката, целосната евроатлантска интеграција и членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ е важен дел од безбедносната европска структура.

    Таа укажа дека нерешените спорови, политичките тензии и институционалната ранливост го прават регионот подложен на хибридни закани, дезинформации и злонамерни надворешни влијанија, поради што се неопходни поголема отпорност, подготвеност за кризни состојби и заштита на критичната инфраструктура.

    За неа, континуираното присуство на КФОР и другите мисии на НАТО е од суштинско значење за мирот и стабилноста на Косово и поширокиот регион.

    Претседателката потсети дека земјата е посветена на развивањето на одбранбените способности согласно НАТО-целите, при што во тек е ажурирање на стратегиските документи за одбраната и долгорочниот развој на способностите на Армијата.

    Според неа, модернизацијата не подразбира само набавка на современа опрема, туку и внимателно планирање, долгорочни инвестиции и тесна соработка со сојузниците, усогласени со потребите на Армијата и барањата на Алијансата.

    Посебно ги издвои Коридорите 8 и 10, нагласувајќи дека нивната географска положба и инфраструктурна поврзаност се значајни за исполнување на мисијата на Алијансата.

    Таа посочи дека земјата се залага за почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, во согласност со меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации, изразувајќи подготвеност за продолжување на соработката со сојузниците во рамки на заедничките механизми за помош.

    На крајот, претседателката ја потврди македонската определба да бидеме доверлив и конструктивен сојузник, придонесувајќи кон колективната одбрана, регионалниот мир и безбедноста на евроатлантската заедница.

    Прочитај повеќе

    Јаневска за истрагата на УГД Штип: Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот

    04.11.2026 во 17:52

    Возачите научија каде се камерите на Сејф сити и возат побавно, МВР најави нов начин на санкционирање на „непослушните“

    04.11.2026 во 17:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.