Close Menu
Press24
    Најново

    Мрежа против насилство: Уште колку животи треба да се изгубат додека Собранието расправа за „прогресивни“ закони?

    04.11.2026 во 17:09

    Утре евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи Извештајот за напредокот на премиерот Мицкоски

    04.11.2026 во 16:57

    Испливаа нови детали за трагедијата во Богданци: Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец, минувачи ја однеле во болница

    04.11.2026 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мрежа против насилство: Уште колку животи треба да се изгубат додека Собранието расправа за „прогресивни“ закони?
    • Утре евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи Извештајот за напредокот на премиерот Мицкоски
    • Испливаа нови детали за трагедијата во Богданци: Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец, минувачи ја однеле во болница
    • МВР со акциска контрола низ целата држава: За пет часа санкционирани 70 возачи за непочитување на првенство на минување
    • За пари им менувале оценки и бришеле кредити – раководител и советник при Универзитетот Гоце Делчев во Штип заработија кривични
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Руте: Македонија останува посветена на НАТО и колективната одбрана
    • ОЈО Штип поведе постапка за двајца вработени на УГД: Зеле 21.000 евра за лажирање податоци во електронскиот систем
    • Делови од Скопје утре без струја – проверете колку часа ќе нема струја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мрежа против насилство: Уште колку животи треба да се изгубат додека Собранието расправа за „прогресивни“ закони?

    Мрежа против насилство: Уште колку животи треба да се изгубат додека Собранието расправа за „прогресивни“ закони?

    04.11.2026 во 17:093 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По трагедијата во Богданци, во која беа пронајдени две безживотни тела, а на која ѝ претходела пријава за партнерско насилство врз 17-годишна девојка, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство излезе со остра реакција. Од Мрежата бараат итна, темелна и независна истрага за сите околности на случајот, со посебен фокус на постапувањето на институциите по претходната пријава.

    Од организацијата потсетуваат дека пред само осум месеци јавноста беше потресена од убиството на Ивана и нејзината шестгодишна ќерка, по што беа најавени итни законски измени и реформи во системското постапување. Сепак, осум месеци подоцна, измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство сѐ уште се предмет на политички одложувања во Собранието.

    Според информациите со кои располагаат, дел од парламентарното мнозинство ги оспорува предложените решенија оценувајќи ги како „премногу прогресивни“ поради употребата на поимите „родова еднаквост“ и „родово базирано насилство“.

    „НЕДОЗВОЛИВО е заштитата на жените и децата да биде заложник на идеолошки несогласувања. НЕДОЗВОЛИВО е осум месеци по трагедијата со Ивана повторно да бараме одговори на истите прашања“, стои во реакцијата.

    Од Националната мрежа нагласуваат дека дополнителен проблем претставуваат и јавните личности и политичари кои отворено шират ставови со кои се оправдува машката контрола врз жените и се релативизира партнерското насилство, наместо истото јавно да биде осудено.

    Барања на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство:

    • Итна истрага за трагедијата во Богданци, која ќе вклучи целосна проверка на претходното постапување на полицијата, обвинителството и социјалните служби, како и на проценката на ризик.
    • Итно јавно произнесување на Собранието за статусот на предложените законски измени поднесени во август, причините за нивното одложување и утврдување конкретен рок за постапување.
    • Одговор од Владата до каде е процесот на усогласување и на другите закони кои требаше да бидат подготвени од работната група по фемицидот на Ивана.
    • Итно ставање во собраниска процедура на законските измени, без политичко условување и без отстранување на поимите родова еднаквост и родово базирано насилство.
    • Јасна политичка одговорност од Владата и парламентарното мнозинство за неспроведувањето на преземените обврски.
    • Системски промени за секоја пријава за насилство да биде проследена со соодветна проценка на ризик и навремени мерки за заштита.
    • Недвосмислена јавна осуда на говорот што ја оправдува контролата и насилството врз жените, особено кога доаѓа од носители на јавни функции.

    Оттаму порачуваат дека доколку парламентарното мнозинство не е способно да обезбеди донесување на законите неопходни за заштита на жените и децата, мора јавно да ја преземе политичката одговорност за таквата блокада.

    Прочитај повеќе

    Утре евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи Извештајот за напредокот на премиерот Мицкоски

    04.11.2026 во 16:57

    Испливаа нови детали за трагедијата во Богданци: Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец, минувачи ја однеле во болница

    04.11.2026 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.