Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, утре (5 ноември) официјално ќе му го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Предавањето на документот е закажано за 14:00 часот во Владата.
По врачувањето на извештајот, амбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски во 14:45 часот ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија-центарот на Владата, каде што ќе ги презентираат клучните оценки и забелешки од Брисел.

