Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО Штип поведе постапка за двајца вработени на УГД: Зеле 21.000 евра за лажирање податоци во електронскиот систем

    04.11.2026 во 15:46

    Делови од Скопје утре без струја – проверете колку часа ќе нема струја

    04.11.2026 во 15:36

    Хоџа се сретна со чешката амбасадорка Гецова: Фокус на животната средина и управувањето со отпадот

    04.11.2026 во 15:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОЈО Штип поведе постапка за двајца вработени на УГД: Зеле 21.000 евра за лажирање податоци во електронскиот систем
    • Делови од Скопје утре без струја – проверете колку часа ќе нема струја
    • Хоџа се сретна со чешката амбасадорка Гецова: Фокус на животната средина и управувањето со отпадот
    • Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм
    • Јаневска за истрагата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип: Човекот е откриен, ќе ги сноси последиците
    • Вајц до Кос: Вложете максимални напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
    • Нови детали за трагедијата кај Богданци: Момчето чие тело беше пронајдено до запалениот автомобил претходно било пријавувано за загрозување на сигурноста
    • Сиљановска-Давкова во седиштето на НАТО: Безбедноста на Западен Балкан е неразделна од евроатлантската стабилност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОЈО Штип поведе постапка за двајца вработени на УГД: Зеле 21.000 евра за лажирање податоци во електронскиот систем

    ОЈО Штип поведе постапка за двајца вработени на УГД: Зеле 21.000 евра за лажирање податоци во електронскиот систем

    04.11.2026 во 15:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    „Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.

    Во периодот од 2021 до 2026 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени должности и овластувања, второосомничената, вработена како референт за студентски прашања на еден од факултетите, по добиени насоки од првиот осомничен раководител на Секторот за ,,Е-Индекс”, внесувала во информатичкиот систем на Универзитетот невистинити податоци. Со незаконити дејствија на менување, бришење или прикривање на податоците во базата за електронски индекс пријавените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците, а за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени“, соопштија од ОЈО.

    Прочитај повеќе

    Делови од Скопје утре без струја – проверете колку часа ќе нема струја

    04.11.2026 во 15:36

    Хоџа се сретна со чешката амбасадорка Гецова: Фокус на животната средина и управувањето со отпадот

    04.11.2026 во 15:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.