Национална стратегија за поголема безбедност во сообраќајот и намалување на бројот на жртви на патиштата за периодот 2026–2030 година ќе биде промовирана денеска од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
На настанот свое обраќање ќе има министерката за образование и наука, Весна Јаневска, по што ќе бидат претставени главните приоритети на стратегијата, мерките предвидени со акцискиот план и целите што треба да се постигнат во наредните пет години.
Од РСБСП посочуваат дека стратегијата претставува план за унапредување на безбедноста на патиштата преку конкретни мерки и активности, со крајна цел заштита на човечките животи и намалување на ризиците во сообраќајот.

