Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Ќе градиме две нови училишта во Ѓорче Петров и Драчево

    03.11.2026 во 21:27

    Жерновски: Алта банка е дел од бизнис шемата на Мицкоски и Вучиќ, a граѓаните ги плаќаат последиците

    03.11.2026 во 21:07

    Метеоролошки биланс за октомври: Постудено и суво време со значителен дефицит на врнежи

    03.11.2026 во 20:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Ќе градиме две нови училишта во Ѓорче Петров и Драчево
    • Жерновски: Алта банка е дел од бизнис шемата на Мицкоски и Вучиќ, a граѓаните ги плаќаат последиците
    • Метеоролошки биланс за октомври: Постудено и суво време со значителен дефицит на врнежи
    • Сиљановска-Давкова: ЕУ да покаже политичка волја и да понуди решенија за деблокада на евроинтеграциите
    • Вучиќ предупредува: Студентската листа сака да ги укине традиционалните вредности на Србија
    • Забрзана постапка за нов претседател на ЕЦБ: Министрите за финансии во понеделник ги разгледуваат номинациите
    • Американците излегоа на гласачките места: Над 250 милиони граѓани со право на глас на меѓуизборите
    • Утре без вода и без струја ќе бидат следниве корисници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Ќе градиме две нови училишта во Ѓорче Петров и Драчево

    Ѓорѓиевски: Ќе градиме две нови училишта во Ѓорче Петров и Драчево

    03.11.2026 во 21:273 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на град Скопје во вечерашното гостување во дебатната емисија „Директно – Една година потоа“ на Телма телевизија, изјави: „Ние веќе како град сме финансиски консолидирани, за 18% ни е зголемена наплатата оваа година. Мислам дека сме стабилни и ќе можеме на сите предизвици да одговориме во наредните три години, онака како што планираме.“

    Ѓорѓиевски обзнани дека ребаланс на буџет, за разлика од минатото, сега се прави во случаи на заштеда од одредени постапки и проекти, со цел заштедените средства да се реалоцираат за нови проекти кои, како што вели Ѓорѓиевски, кореспондираат, со неговите предизборни ветувања. Ѓорѓиевски најави дека со краткиот ребаланс на буџетот се предвидува изградба на две нови училишта кои ќе се градат паралелно, од кои едното во Драчево, а другото во Ѓорче Петров.

    „Ребалансот на буџетот го правиме секогаш кога ќе ни останат средства. Ќе се случи да имаме заштеда од одредени постапки, проекти и така натаму, и тие средства ги предвидуваме за нови проекти коишто кореспондираат со сето она што јас сум го ветил во предизборието пред граѓаните“, рече Ѓорѓиевски и додаде:

    „Еве ексклузивно, две нови училишта коишто паралелно ќе почнеме да ги градиме. Тоа е ново училиште на местото на ветеринарното училиште и гимназијата во Драчево и училиштето во Ѓорче Петров, каде што, за жал, во 21 век средношколците наши таму учат во бараки“.

    Ѓорѓиевски се осврна и на состојбите со капиталните инвестиции и рече: „Заклучно со трет квартал, 1,1 милијарда денари е реализацијата, што е за 50% повеќе од првата година на Петре Шилегов и 40% повеќе од времето на Данела Арсовска. Мислам дека тоа е, ако земеме предвид дека 5,2 милијарди, до крајот на годината би имале околу 2 милијарди, повеќе од една третина се за капитални инвестиции, што не било случај години наназад и можеме сите да посведочиме за тоа.“

    Ѓорѓиевски се надоврза и кажа дека со изградбата на Лимак, од првично планираните средства, биле остварени заштеди и истите биле реалоцирани за да се започне постапката за нов кружен тек на влезот во Скопје од страната на Сарај и нов мост, нешто што било ветувано со децении наназад во главниот град.

    „Нас за втората фаза на Лимак, подземната сообраќајница „Македонија“, по проект и по буџет ни беа предвидени 1,1 милијарда денари, во тендерска постапка цената падна на 750 милиони денари. Остатокот од средствата ние ги реалоциравме и затоа беше ребалансот, за да започнеме постапка за нов кружен тек на влезот во Скопје од страната на Сарај и нов мост. Проект којшто е ветуван триесетина години во главниот град“, рече Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски сподели дека иако неговото предизборно ветување било само реализација на првата фаза на подземната сообраќајница „Македонија“, сепак истата до крајот на мандатот ќе се реализира во целост.

    „Лимак, добро познат во јавноста, или подземната сообраќајница „Македонија“, јас во кампањата ветив дека ќе ја реализирам само првата фаза, а тоа е влезот на Кисела Вода према тунелите што се планираат, но до крајот на мандатот ќе ја реализираме во целост. А тоа е сериозен проект.“, рече Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Утре без вода и без струја ќе бидат следниве корисници

    03.11.2026 во 19:11

    (ФОТО) Пуштена во употреба новата градинка „Ѕвездички“ во населбата Подстаница во Кисела Вода

    03.11.2026 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.