Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД наскоро ќе престанат да му доделуваат финансиска помош од четири милијарди долари годишно на Израел, истакнувајќи дека земјата повеќе нема потреба од тие средства.
Гостувајќи на телевизискиот канал „Фокс њуз“ (Fox News), Трамп нагласи дека одлуката е донесена во договор со израелскиот премиер.
„Нетанјаху и јас пред неколку месеци се договоривме да престанеме да му исплаќаме на Израел четири милијарди долари годишно. До крајот на годинава ќе престанеме. Давајќи им четири милијарди, тоа е вистина, но тоа ќе заврши. Зошто? Затоа што повеќе не им требаат“, изјави Трамп.
Тој додаде дека Бенјамин Нетанјаху и сам ја покренал идејата за запирање на помошта, при што нагласи дека Израел останува еден од најсигурните сојузници на САД.

