Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во рамки на посетата на Германија, остварил работна средба со Хендрик Вуст, премиер на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија.
На средбата, како што информира Николоски преку објава, во фокусот на разговорите била економската соработка меѓу Македонија и Германија, како и можностите за привлекување нови инвестиции во земјава.
Николоски посочува дека германските компании „Костал“, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“, „Гересхајмер“ и други реномирани инвеститори веќе со години се присутни во Македонија и претставуваат значаен дел од домашното стопанство.
Целта на ваквите средби е продлабочување на економските врски, создавање нови можности за соработка и привлекување дополнителни странски инвестиции.
„Градиме силни партнерства“, порачува Николоски.

