Close Menu
Press24
    Најново

    Петрушевски: Филипче и СДС вршат притисок врз НБРМ и Алта банка за да ја купат за ниска цена

    03.11.2026 во 12:51

    Утре 6 часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    03.11.2026 во 12:37

    Кичевчанец носел нелегален пиштол, а дома чувал кокаин – заработи кривична

    03.11.2026 во 12:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски: Филипче и СДС вршат притисок врз НБРМ и Алта банка за да ја купат за ниска цена
    • Утре 6 часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Кичевчанец носел нелегален пиштол, а дома чувал кокаин – заработи кривична
    • ВЛЕН: Време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка
    • Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“
    • Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ
    • Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се огласи: Овозможуваме целосна и неограничена соработка со МВР
    • Јанев на отворањето на обуката за финансиски истраги: Ударот врз криминалот е во одземањето на неговата финансиска моќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Филипче и СДС вршат притисок врз НБРМ и Алта банка за да ја купат за ниска цена

    Петрушевски: Филипче и СДС вршат притисок врз НБРМ и Алта банка за да ја купат за ниска цена

    03.11.2026 во 12:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска цена, обвини денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

    Според Петрушевски, активностите на опозициската партија изминатите месеци биле воведени поради бизнис интереси.

    „Тоа што со месеци го правеа не беше поради некаков српски свет, туку поради бизнис интереси на Филипче и неговиот ментор Заев. Целта на Филипче и СДС во случајот со Алта банка е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, дека банката е пред распаѓање и дека е неликвидна, за утре ден, близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена“, истакна Петрушевски.

    Како еден од доказите за овие тврдења, тој ја посочи вчерашната изјава на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ.

    „Еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат оваа информација е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на Алта банка, со што прави кривично дело според член 315 од КЗ. Прочитани се. Освен криминал, пари и корупција ништо друго не ги интересира“, изјави тој.

    Петрушевски упати порака до граѓаните да бидат спокојни во однос на стабилноста на финансискиот сектор.

    „Затоа, им порачуваме на граѓаните, да бидат спокојни. Се додека премиер е претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат“, заклучи Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН: Време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка

    03.11.2026 во 12:23

    Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“

    03.11.2026 во 12:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.