ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.З.(26) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи “ по член 396 од Кривичниот законик.
На 31.10.2026 година во 01:35 часот на булевар „Ослободување“ во Кичево, пријавениот беше лишен од слобода затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, при што кај него се пронајдени и одземени малокалибарски пиштол калибар 22 мм и 31 куршуми, кои нелегално ги поседувал, соопштија од МВР.
Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена се и одземени една опаковка со кокаин и неколку други опаковки со остатоци од кокаин.
- Кичевчанец носел нелегален пиштол, а дома чувал кокаин – заработи кривична
- ВЛЕН: Време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка
- Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“
- Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ
- Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се огласи: Овозможуваме целосна и неограничена соработка со МВР
- Јанев на отворањето на обуката за финансиски истраги: Ударот врз криминалот е во одземањето на неговата финансиска моќ
- Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија – УХМР со метео предупредување
- Дојава за бомба на лет од Лондон до Варшава: Авион со 181 патник итно пренасочен, аеродромот затворен

