Тројца малолетници биле физички нападнати од група врсници во скопски Аеродром. Инцидентот се случил на 31 октомври околу 21:45 часот, а случајот во полиција го пријавила мајката на едно од нападнатите момчиња.
Според пријавата во СВР Скопје, во нападот учествувале неколку малолетници, од кои дел им биле познати на момчињата.
Полицијата презема мерки за утврдување на сите околности и расчистување на случајот.

