Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (3 ноември) делови од Скопје и селото Мралино ќе останат без електрична енергија.
Прекини се најавени во следните термини:
- Од 08:30 до 11:30 часот – делови од улиците „Жан Жорес“, „Ордан Чопела“ и „Иван Наумов Алабакот“ во Маџари.
- Од 08:40 до 10:40 часот – целото село Мралино, поради работа во близина на 10 kV далекувод.
- Од 12:00 до 15:00 часот – делови од улиците „Благоја Стефковски“ и „Анри Барбис“ во Маџари.
Од ЕВН Македонија информираат дека прекините се поради планирани активности за одржување и проверка на електроенергетската опрема.

