Close Menu
Press24
    Најново

    Пренџов: Филипче пак шири паника и хистерија, исто како што ширеа кога Кире Наумов пишуваше писма кои го чинеа народот 30 милиони евра

    02.11.2026 во 19:16

    Трамп најави масовни помилувања во администрацијата по примерот на Бајден

    02.11.2026 во 19:11

    Аларм за морбили во земјава: Потврдени четири случаи, меѓу заразените и три бебиња

    02.11.2026 во 18:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пренџов: Филипче пак шири паника и хистерија, исто како што ширеа кога Кире Наумов пишуваше писма кои го чинеа народот 30 милиони евра
    • Трамп најави масовни помилувања во администрацијата по примерот на Бајден
    • Аларм за морбили во земјава: Потврдени четири случаи, меѓу заразените и три бебиња
    • Хорор за Ноќта на вештерките во Далас: Четворица загинати и 15 повредени во три престрелки
    • Уапсен 41-годишен велешанец, пријавен дека физички нападнал малолетно дете
    • Стопанската комора ќе им помага на Зелениково и Чучер-Сандево да го развијат бизнис секторот, руралниот туризам во фокусот
    • Кривична пријава за двајца мажи од Струмичко и Радовишко поради марихуана
    • Мицкоски: Сакаме германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пренџов: Филипче пак шири паника и хистерија, исто како што ширеа кога Кире Наумов пишуваше писма кои го чинеа народот 30 милиони евра

    Пренџов: Филипче пак шири паника и хистерија, исто како што ширеа кога Кире Наумов пишуваше писма кои го чинеа народот 30 милиони евра

    02.11.2026 во 19:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Колегиум“ на Алфа телевизија, се осврна на темата за одредени изјави на претседателот на една од опозициските партии во земјава, за што кажа дека се шири паника и хистерија кај граѓаните во врска со финансиската состојба во државата. Пренџов направи паралела со случувањата од 2015 и 2016 година, кога, според него, поранешниот функционер на СДС, Кире Наумов, со своите постапки придонел за поскапување на кредитното задолжување на државата.

    „Ја шири затоа што изминативе години, наместо да биде во затвор, Кире Наумов, беше слободен човек и функционер, затоа ја шири Венко паниката. 2015-2016 година кога имаше техничка влада, кога требаше да се подигне определен кредит, тогаш СДС преку Кире Наумов пишуваше писма до секоја една банка, финансиска институција, меѓународен фонд, во коишто му велеше дека владата ќе крахира, како сега што велат, дека пензии ќе нема, како што сега велат, и дека тие луѓе коишто на Македонија ќе и дадат кредит во тој период, можеби тие пари нема да им бидат вратени“, истакна Пренџов.

    Тој кажа и дека тогашната власт во земјата, сепак, земала кредит, но со многу повисока камата, а поради одредени писма кои ги пишувал, како што вели, Наумов, разликата била 30 милиони евра.

    „Писмата на Кире Наумов пишувани до меѓународните институции, овој народ го чинат 30 милиони евра. Дојдоа на власт на начин на којшто дојдоа. Тогаш обвинител беше Јовески, наместо да го викне и да видиме зошто тие 30 милиони евра сме ги платиле како народ, а притоа тој кредит е вратен целосно финансиран од државата, тој стана директор на некоја банка во Македонија“, рече Пренџов и додаде:

    „Кога немате соодветно обвинителство и кога некој во минатото не е казнет за слично вакво дело, тоа слично дело ќе ни се повторува, бидејќи финансиската стабилност на државата, монетарната политиката, курсот на денарот и банкарскиот систем се дел од националната безбедност на Македонија. И затоа тие обвинители треба да се занимаваат малку посериозно со тоа што се случува во Македонија. Да се занимаваа сериозно со Кире Наумов, сега немаше да ја имаме оваа паника, којашто ни ја прави Венко Филипче“.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

    02.11.2026 во 13:53

    ФОТО: СДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во Собранието

    02.11.2026 во 13:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.