Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е сериозно подготвен однапред да ги помилува сите лица кои работеле во неговата администрација, следејќи го претходниот пример на неговиот претходник Џо Бајден.
Во изјава поврзана со политичките тензии и претстојните предизвици во пресрет на меѓуизборите, Трамп истакна дека ваквите чекори се неопходни за да се заштитат соработниците од потенцијални политички прогони. На прашањето дали би презел ваков чекор, тој јасно порача:
„– Би го направил тоа ако биде потребно.“
Оваа најава веднаш предизвика бурни реакции во американската јавност и медиумите, отворајќи нови дебати за границите на претседателските овластувања и употребата на институтот помилување во американската политичка пракса.

