Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

    02.11.2026 во 17:30

    Штипјанка ги пријавила синовите во полиција: Психички и физички ме малтретираат

    02.11.2026 во 16:47

    Апсења во Скопје

    02.11.2026 во 16:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови
    • Штипјанка ги пријавила синовите во полиција: Психички и физички ме малтретираат
    • Апсења во Скопје
    • Тажна вест: Почина Самка Ибраимовски
    • УХМР: Измерени 2 степени во 16 часот во Македонија
    • Авион на „Визер“ вондредно слета во Будимпешта по дојава за бомба
    • Владина делегација предводена од Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком – се разговараше за нови инвестиции и дигитализација
    • Клековски: 24.000 лица со деменција во Македонија, а до 2050 година бројката може тројно да се зголеми – се разгледуваат нови терапии
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

    Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

    02.11.2026 во 17:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со поддршка од Светската здравствена организација и во соработка со Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи (АКАЗУМ), денеска се одржа втората национална работилница посветена на зајакнување на националната рамка за квалитет на здравствената заштита. На работилницата се обрати министерот за здравство, Сашо Клековски.

    На работилницата беа презентирани резултатите од националната проценка на квалитетот на здравствената заштита. Проценката е спроведена во изминатите месеци со стручна поддршка од Канцеларијата на СЗО во Скопје и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствената заштита и безбедност на пациентите во Атина, со примена на алатката на СЗО за национална проценка на квалитетот. Таа опфати преглед на документи, консултации со институциите, здравствените работници и претставниците на пациентите, како и теренски посети на клиники, болници и установи од примарната здравствена заштита.

    Проценката покажува дека државата има важни основи за квалитетот: законска рамка, Стратегијата за здравство 2021–2030, Националниот план за безбедност на пациентите, механизми за акредитација и дигитални системи како „Мој Термин“. Главниот предизвик е овие елементи да се поврзат во функционален национален систем со јасни одговорности, соодветни ресурси и редовно следење на напредокот.

    „Имаме закони, стратегии и системи, но тие сè уште не функционираат како еден систем. Нашиот предизвик не е да донесеме нови документи, туку постојните навистина да профункционираат во практиката“, изјави министерот Клековски.

    Министерот издвои три приоритети: безбедност на пациентите и надминување на културата на неказнивост, поврзување на финансирањето на здравствените услуги со квалитетот и јасно утврдување на одговорностите на секоја институција.

    „Грешка што не е пријавена е грешка што ќе се повтори. Ни треба систем во кој пријавувањето е заштитено и од кој учиме, а здравствениот работник што пријавил добива поддршка, а не последици“, нагласи Клековски.

    Следниот чекор е подготовка на национален план за квалитет на здравствената заштита. Министерството ќе има водечка улога во тој процес, а Планот ќе содржи ограничен број приоритети, одговорни институции, потребни ресурси, рокови и показатели за следење на напредокот.

    „Не ни треба уште еден документ што ќе остане на хартија. За секој приоритет ќе знаеме кој е одговорен, до кога и како ќе го мериме напредокот“, истакна министерот.

    Паралелно, Министерството работи на унапредување на законската рамка за квалитет, со цел да се воспостават стандарди и механизми за управување со квалитетот и следење на резултатите.

    Прочитај повеќе

    Штипјанка ги пријавила синовите во полиција: Психички и физички ме малтретираат

    02.11.2026 во 16:47

    Апсења во Скопје

    02.11.2026 во 16:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.