Close Menu
Press24
    Најново

    БИА наводно ги следела обвинителите што го истражуваа падот на настрешницата во Нови Сад

    01.11.2026 во 15:04

    Му влегле дома и го тепале со кундак: Ограбен старец во Скопје

    01.11.2026 во 14:45

    Турција забрани пристап на деца под 15 години до социјалните мрежи

    01.11.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • БИА наводно ги следела обвинителите што го истражуваа падот на настрешницата во Нови Сад
    • Му влегле дома и го тепале со кундак: Ограбен старец во Скопје
    • Турција забрани пристап на деца под 15 години до социјалните мрежи
    • „Студентски отпор“ го прифаќа владиниот предлог за студентски оброк, но имаат два услови
    • Со студентски оброк преку „М-услуги“ студентите ќе добијат 4.500 денари месечно
    • До 13 часот 27,81% излегле на гласање, далеку повеќе од првиот круг
    • До 11 часот гласале 13,82% од избирачите во Брвеница
    • Полицијата упадна во локал во Карпош: Приведени осум малолетници, еден завршил на Токсикологија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » БИА наводно ги следела обвинителите што го истражуваа падот на настрешницата во Нови Сад

    БИА наводно ги следела обвинителите што го истражуваа падот на настрешницата во Нови Сад

    01.11.2026 во 15:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) спроведувала таен надзор, ги прислушувала разговорите и ја следела целоката електронска комуникација на обвинители од Јавното обвинителство за организиран криминал (ТОК), објави српскиот портал „Радар“. Според неофицијалните сознанија на медиумот, директен повод за незаконските активности била деталната истрага за корупција при реконструкцијата на железничката пруга Белград – Унгарија и Железничката станица во Нови Сад, каде при пад на настрешницата загинаа 16 лица.

    Со овие мерки, безбедносните служби имале целосен увид и контрола врз секој чекор и планирана акција на обвинителството во однос на сите активни предмети, а под постојан надзор бил и самиот шеф на ТОК, Младен Ненадиќ.

    Опишувајќи го начинот на кој БИА ги собирала информациите од просториите на обвинителството, анонимен извор за српскиот портал открива:

    „На овој начин БИА добивала информации за тоа што прават обвинителите во предметот ‘Настрешница’, но не само тоа. Ги прислушувале и другите обвинители што престојувале во истите простории со оние што биле под надзор. Така бил прислушуван и шефот на ТОК, обвинителот Младен Ненадиќ, кој секојдневно комуницира со сите обвинители од ова обвинителство. Знаеле за секој чекор на ТОК и што планираат во сите предмети.“

    Формалното покритие за воведувањето на мерките за таен надзор врз правосудните органи било водено под изговор за наводна шпионажа. Според документацијата и сознанијата до кои дошол медиумот, прислушувањето било одобрувано и продолжувано во повеќе наврати во текот на годината – на 9 и 30 април, 29 мај, 19 јуни, а за последен пат на 7 октомври 2026 година.

    Клучен пресврт настанал веднаш по завршувањето на изборниот процес во земјата, кога раководството на тајната служба нагло реагирало.

    Како што дознава медиумот, директорот на БИА, Владимир Орлиќ, дури четири дена по парламентарните избори, односно на 29 октомври, иницирал целосно запирање на мерките за таен надзор.

    Иако соодветните мерки првично биле целосно прекинати, подоцна повторно биле воведени во делот што се однесува на следењето криминални групи, што спаѓа во редовните надлежности на БИА. Сепак, според потврдените информации, директното следење на обвинителите официјално траело сè до 29 октомври.

    Прочитај повеќе

    Турција забрани пристап на деца под 15 години до социјалните мрежи

    01.11.2026 во 14:34

    Вработените добила плата однапред, но и забелешка парите да ги стават на друга сметка – Како Алта Банка е ликвидирана преку ноќ?

    01.11.2026 во 11:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.