Само тројца болни и немоќни лица и еден затвореник не го искористиле своето право на глас во вториот круг од предвремените локални избори во Брвеница.
Како што соопшти Државната изборна комисија, вкупно 104 болни и немоќни лица и осум луѓе кои се на извршување на затворски казни гласале за тоа кој да биде иден градоначалник на оваа општина.
Од ДИК соопштија дека гласањето во текот на денот се одвивало без проблеми и дека на сите гласачи им била овозможена непречена и слободна реализација на правото на глас.
Вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе се одржи утре.

