Close Menu
Press24
    Најново

    Жената што си го отру семејството со печурки осудена на доживотен затвор во Австралија

    30.10.2026 во 11:05

    МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“

    30.10.2026 во 11:05

    ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“

    30.10.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“
    • Жената што си го отру семејството со печурки осудена на доживотен затвор во Австралија
    • ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“
    • Коалицијата на Нетанјаху победи на изборите во Израел, но без мнозинство во Кнесетот
    • МВР во акциска контрола: Преоптоварени и неисправни камиони на патиштата низ Македонија
    • Дел од Македонија мрзне, на друг дел 14 степени – УХМР ги измери температурите
    • Зад затворени врати: Пентагон спрема буџет од 1,1 трилион долари, далеку под барањето на Трамп
    • Путин со изненадувачки повик: Русија сака подобрување на односите со Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“

    МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“

    30.10.2026 во 11:052 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сопственикот на приватната болница „Санте Плус“, Билал Кара, е меѓу приведените во денешната акција на Министерството за внатрешни работи, во која се опфатени и вработени во Фондот за здравствено осигурување, дознава „Фокус“.

    Според неофицијалните информации на „Фокус“, Кара веќе бил спроведен во Кривичниот суд и изведен пред судија на претходна постапка. Во акцијата, како што дознава порталот, била пронајдена и уапсена и Гериана Арапи, поранешна директорка на болницата.

    Кара е лице по кое Албанија лани распиша потерница поради сомнежи за злоупотреби поврзани со приватната клиника „Интернешнл Медикер“, поранешна „Санте Плус“, која работела во соседната земја.

    Според тогашните пишувања на албанските медиуми, клиниката била блокирана поради сомневања за непријавен профит од околу еден милион евра. При контролите, наводно, биле откриени и лекови со истечен рок или шверцувани производи, како и петмина вработени кои не биле осигурени.

    Билал Кара пред три години беше именуван за почесен конзул на Македонија во Република Турција, со седиште во Измир.

    Од МВР соопштија за приведувањата: -По наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.К. и Г.А.

    Б.К. се сомничи за „перење пари и други приноси од казниво дело“, додека Г.А. е осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама во службата“.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“

    30.10.2026 во 10:51

    МВР во акциска контрола: Преоптоварени и неисправни камиони на патиштата низ Македонија

    30.10.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.