Неправилности кај товарот, техничката исправност и безбедноста на возилата открила полицијата при голема контрола на товарни возила низ државата. Од вкупно 781 контролирано возило, дури 25 биле исклучени од сообраќај.
Акцијата била спроведена на 28 октомври, а 92 возила биле испратени на вонреден технички преглед. Полицијата утврдила вкупно 101 неправилност, како и уште 219 прекршоци од друг вид.
Во текот на контролите биле откриени и три случаи на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Акцијата била насочена кон откривање претоварени возила, неправилно обезбеден товар, технички неисправни камиони, но и возила кои излегуваат од градилишта и земјени патишта и оставаат кал на коловозите.
Од МВР најавуваат продолжување на засилените контроли и апелираат до превозниците да ги почитуваат сообраќајните правила и да се грижат за исправноста и безбедноста на товарните возила.

