Close Menu
Press24
    Најново

    На маса 124 амандмани – Продолжува собраниската расправа за буџетот

    30.10.2026 во 08:11

    УХМР со многу лоша викенд временска прогноза

    30.10.2026 во 08:04

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На маса 124 амандмани – Продолжува собраниската расправа за буџетот
    • УХМР со многу лоша викенд временска прогноза
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На маса 124 амандмани – Продолжува собраниската расправа за буџетот

    На маса 124 амандмани – Продолжува собраниската расправа за буџетот

    30.10.2026 во 08:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Расправата за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година продолжува денеска во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците треба да ги разгледуваат поднесените амандмани, чиј број достигна 124.

    Со измените се предвидува намалување на буџетските приходи за околу 5,3 милијарди денари. Така, новата проекција изнесува 374,2 милијарди денари, наспроти претходно планираните средства.

    Најизразена промена има кај приходите од акцизи. Наместо досега предвидените 34,1 милијарди денари, со ребалансот тие се проектирани на 30,4 милијарди денари. Корекција има и кај даночните приходи, кои се намалуваат од 213,3 на 209,8 милијарди денари, односно за 1,6 проценти.

    Од друга страна, буџетските расходи се утврдени на 420,5 милијарди денари, што претставува намалување за 5,3 милијарди денари во споредба со претходниот план.

    Буџетскиот дефицит останува непроменет и е проектиран на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бруто-домашниот производ.

    Овие параметри ги образложи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 8 октомври, кога беше презентиран предлогот за второ менување на годинешниот Буџет.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    УХМР со многу лоша викенд временска прогноза

    30.10.2026 во 08:04

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.