Close Menu
Press24
    Најново

    Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    29.10.2026 во 17:59

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47

    Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин

    29.10.2026 во 17:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм
    • Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција
    • Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин
    • Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“
    • МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    29.10.2026 во 17:592 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Руските дизајнери развиваат необичен воен изум – специјален шлем со монтирано оружје наменет за соборување на беспилотни летала со сачма или мрежа, со цел да им помогне на војниците во одбраната од брзите дронови камикази на бојното поле.

    Според патентната документација, зад овој проект стојат руските дизајнери Јури Ладјагин и Јури Габлија, кои претходно работеле на електрични зашеметувачки пиштоли и системи за потиснување дронови.

    Оружјето може да се поставува на врвот или на страната на шлемот, додека за негово насочување се предвидени ласер, специјални нишани и електронски систем за контрола, а како можна дополнителна опрема се споменуваат и камери за препознавање.

    Особено необичен дел од дизајнот е начинот на активација, при што војникот би го контролирал оружјето без да ги користи рацете – или преку мундштук во кој се гризува силно за да се испука проектил, или преку гласовна команда.

    Иако идејата потсетува на систем за откривање дронови претставен во септември 2024 година од страна на московскиот гувернер на Донецк, клучната разлика е во тоа што стариот систем бил наменет за блокирање сигнали, додека новиот предвидува физичко соборување.

    Сепак, стручната јавност нагласува дека постојат сериозни предизвици, меѓу кои се дополнителната тежина и оптоварувањето на вратот, ризикот од случајно активирање, прецизноста во борбени услови, како и неизвесноста дали технологијата може доволно брзо да препознае дрон што се приближува.

    Засега не е познато дали се извршени успешни тестирања, дали е започнато сериско производство или дали системот официјално е воведен во борбена употреба во руските вооружени сили.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.