Поради планирани технички зафати и сервисни активности во електродистрибутивната мрежа, утре (30 октомври) делови од скопските општини Гази Баба и Аеродром привремено ќе останат без снабдување со електрична енергија.
Во општина Гази Баба, во периодот од 08:25 до 14:00 часот, струја ќе немаат потрошувачите на дел од улиците „Стојна Стефкова“, „Јајце“ и „Ордан Чопела“.
Прекинот во овој дел од градот е поради изведување работни активности во ТС „Гази Баба 4“ и ТС „Гази Баба 5“, кои опфаќаат чистење, проверка на расклопната опрема и долевање масло во каблите и трансформаторите.
Без електрична енергија утре ќе останат и жителите од општина Аеродром.
Според најавите, во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Корџевска“ во Драчево.

