39-годишен жител на тетовско село бил приведен откако неговиот 61-годишен татко пријавил дека го нападнал физички и искршил стакло од врата.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 28 октомври, околу 1 часот по полноќ. Полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода осомничениот во 4:10 часот.
Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

