Close Menu
Press24
    Најново

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот крстосувачки брод „Одисеја“, кој е на три и полгодишно патување околу светот, ја прекина пловидбата во Камбоџа поради наглото зголемување на трошоците за гориво поврзани со војната во Иран, принудувајќи 203 патници да се симнат од бродот, соопшти денеска компанијата што управува со пловилото.

    Растот на цените на горивата е директно поврзан со намалениот поморски сообраќај низ Ормуската Теснина од почетокот на војната во Иран, што влијаеше врз снабдувањето со нафтени деривати, особено во Југоисточна Азија. Компанијата „Вила Ви Резиденс“, со седиште во Флорида, соопшти дека месечните трошоци за гориво по бродска кабина, кои претходно во просек изнесувале 1.800 долари, во одредени делови на Азија се зголемиле на проценети 6.000 до 8.000 долари.

    „Не бевме во можност да продолжиме да ги покриваме настанатите оперативни загуби“, соопшти компанијата, додавајќи дека обидите да се намали потрошувачката со побавно пловење и подолг престој во пристаништата не биле доволни за да се надомести растот на трошоците. Компанијата соработува со патниците за организирање на нивното симнување и пронаоѓање привремено сместување.

    Бродот моментално е закотвен во пристаништето Сихануквил во Тајландскиот Залив, а датумот за продолжување на патувањето сè уште не е официјално потврден. Според камбоџанските претставници, на бродот имало и 156 членови на екипажот. Заменик-гувернерот на провинцијата Преа Сиханук изјави дека се очекува бродот да ги надополни резервите на гориво и да ја напушти Камбоџа в сабота, но операторот сè уште го нема потврдено датумот на испловување.

    „Одисеја“ исплови од Белфаст во октомври 2024 година на патување за кое првично беше предвидено да трае три и пол години. Компанијата го рекламираше патувањето како можност за долгорочен живот на море, со почетни цени за купување апартмани од околу 230.000 долари. 

    Прочитај повеќе

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.