Close Menu
Press24
    Најново

    Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата

    28.10.2026 во 12:44

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Магла, дожд, ветер – УХМР со нанјнова прогноза

    28.10.2026 во 12:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата
    • Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска
    • Магла, дожд, ветер – УХМР со нанјнова прогноза
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре
    • Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас
    • Камчев со отчет за првата година: Инвестиции во патна инфраструктура, водоснабдување и нови проекти во Валандово
    • Кривична пријава за сопственик на фирма од Валандово за намерно предизвикување стечај
    • Николоски: Реализираме амбициозна агенда за инфраструктурен развој
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата

    Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата

    28.10.2026 во 12:44Updated:28.10.2026 во 12:533 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државните услуги и личните документи се селат во мобилниот телефон. Денеска официјално се промовира новата апликација „м.Услуги“, преку која граѓаните ќе можат да имаат дигитална верзија на личната карта и возачката дозвола и да пристапуваат до електронските услуги на државата.

    Апликацијата е бесплатна и ќе биде достапна за корисниците на Android и iPhone. Официјалната примена на електронскиот паричник е најавена од 29 октомври, а користењето нема да биде задолжително. Граѓаните кои не сакаат да ја користат апликацијата ќе можат и понатаму да ги користат физичките документи.

    Како ќе се користи?

    По преземањето на „м.Услуги“, корисникот ќе треба да се идентификува преку својот електронски идентитет. Апликацијата е поврзана со Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk, а потоа корисникот ќе може да ги додаде поддржаните лични документи во својот дигитален паричник.

    Во првата фаза тоа ќе бидат личната карта и возачката дозвола. Документите нема да бидат обична фотографија од пластичната картичка, туку електронски документи поврзани со официјалните државни регистри.

    Не мора да ги откривате сите податоци

    Една од позначајните можности е корисникот сам да избере кои податоци од документот сака да ги сподели.

    Ако, на пример, е потребно само да се докаже возраста, нема потреба да се откриваат сите останати податоци од личната карта. Споделувањето ќе може да се врши преку QR-код, а според најавите кодот ќе има кратко времетраење, со што треба да се намали можноста за негова злоупотреба.

    Дали личната карта во телефонот веднаш ја заменува пластичната?

    Не во сите ситуации.

    Воведувањето на дигиталната лична карта не значи дека од утре физичкиот документ може целосно да се остави дома. Институциите постепено ќе ги приспособуваат своите процедури и подзаконските акти за да можат да ги прифаќаат електронските документи.

    Тоа значи дека во преодниот период граѓаните треба да сметаат дека физичката лична карта и возачката дозвола и понатаму ќе бидат потребни во ситуации во кои институцијата сè уште нема воспоставено систем за прифаќање на нивната дигитална верзија.

    Не е само дигитална лична карта

    „м.Услуги“ е замислена и како мобилен пристап до електронските услуги на државата. Преку апликацијата корисниците ќе можат да пристапуваат до услуги од Националниот портал, да ги следат своите барања и да ги преземаат издадените електронски документи.

    На стартот се најавени и три електронски услуги за граѓаните, а списокот постепено треба да се проширува. Во досегашните официјални најави не се прецизирани имињата на сите три услуги.

    Што следува понатаму?

    Планот е „м.Услуги“ постепено да прерасне во поширок дигитален паричник во кој граѓаните ќе имаат повеќе лични документи и податоци од различни државни системи.

    Министерството за дигитална трансформација веќе најави разговори за интеграција со системот „м.Здравје“, како и за вклучување на Европската младинска картичка. Во иднина идејата е преку еден мобилен телефон граѓанинот да може да пристапува до што поголем дел од документите и услугите што сега ги бара од различни институции.

    За граѓаните најважното е дека нема обврска да ја инсталираат апликацијата, физичките документи не престануваат да важат, а воведувањето на дигиталните верзии ќе се одвива постепено. „м.Услуги“ треба да биде дополнителна можност – наместо за секоја услуга да се оди на шалтер или на посебен интернет-портал, дел од комуникацијата со државата да може да се заврши директно од мобилен телефон.

    Прочитај повеќе

    Мајкрософт создава AI доктор?

    23.10.2026 во 12:47

    ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина

    21.10.2026 во 23:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.