Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, а финалето е заминувањето на Филипче

    ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, а финалето е заминувањето на Филипче

    28.10.2026 во 09:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Промените кои сега ги гледаме во европските држави, пред пет години почнаа токму од Македонија. Прво со падот и заминувањето од власт на Зоран Заев и Венко Филипче како негов министер и најблизок соработник. Потоа, пред две години, со нокаутот на СДС на парламентарните избори и падот на наследникот на Заев, Димитар Ковачевски, конечно, дојдоа промените и Македонија се ослободи од криминалната и предавничка власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Народот доби надеж дека работите можат да бидат подобри и на избори избра достоинство, иднина, подобро утре и чесна работа.

    Затоа несфатлив е феноменот кој владее кај СДС по изборите во соседна Србија. Живеат во илузија и се уверени дека 1000 пати повторена лага или измислена приказна, ќе стане вистина.

    Го слават поразот на Александар Вучиќ, како тие да победиле на избори и како до вчера да не беа добри пријатели. Тие можеби сакаат да заборават и, веројатно мислат дека и народот има кратка меморија, па влегуваат во такви приказни, како едноставно кај нив Фројд да работи.

    И ние и граѓаните добро се сеќаваме како до пред некоја година кога Филипче и Заев беа власт, како го величаа и му се поклонуваа на Вучиќ, додека на граница им донираше ковид вакцини, затоа што нашите сакаа да ги украдат.

    Народот добро памети како до пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија за него се кажело некаков лош збор.

    Додека, пак, негови блиски луѓе како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на СДС на власт, лично од Заев беа вдомени како советници во неговата влада.

    Наместо да се занимаваат и слават победа на избори на партија во друга држава, пожелно би било СДС и Венко Филипче да си го средат сопствениот двор, и ако веќе мислат дека се подготвени и само што не победиле, нека повелат и нека побараат избори.

    А, СДС и Филипче како ѓавол од темјан да бегаат од нив, заборавајќи дека во демократска Македонија на власт се доаѓа со победа на избори.

    И кога веќе СДС и Филипче прашуваат кој е следен, одговорот е едноставен. Следен е Венко, затоа што тој е од истата, стара и криминална структура на СДС, на кого му тежат 20% провизија од анексот за зголемувањето на цената за модуларните болници, жртвите од модуларната во Тетово, Стабри вакцините, златната виза, бизнисите и станот во Дубаи, акциите во индиската авиокомпанија и многу други.

    Едноставно кажано, со падот на Заев пред пет години почнаа промените во Македонија, продолжија со изборниот дебакл на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање и заминувањето од политичката сцена на Венко Филипче“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.