Четириесетгодишен државјанин на Албанија бил приведен откако полицијата во неговото возило открила осум мигранти, меѓу кои и две малолетни лица.
Случајот бил откриен вчера околу 12:35 часот на регионалниот пат Демир Капија–Неготино, во близина на местото викано „Острово“. Полициски службеници го запреле возилото „Фолксваген Туран“ со албански регистарски ознаки, кое го управувал 40-годишниот П.М.
При контролата биле затекнати осум лица кои, според нивните изјави, се од Авганистан.
Возачот бил задржан во Полициската станица во Неготино, додека мигрантите биле пренесени во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија.

