Close Menu
Press24
    Најново

    Многу споени викенди во 2027 – Кои празници ни носат три дена одмор

    28.10.2026 во 10:06

    Подигнато црвено ниво на безбедност – Полицијата е на нозе по терористичкиот напад во Србија

    28.10.2026 во 09:59

    Фалат речиси осум тони медицински канабис – Кривични пријави против фирма и управител од Македонија

    28.10.2026 во 09:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Многу споени викенди во 2027 – Кои празници ни носат три дена одмор
    • Подигнато црвено ниво на безбедност – Полицијата е на нозе по терористичкиот напад во Србија
    • Фалат речиси осум тони медицински канабис – Кривични пријави против фирма и управител од Македонија
    • Игор Џамбазов домаќин на боемите, македонскиот шоумен во поддршка на македонската музика
    • ВИДЕО+ФОТО: Царината ги “чешла” пазарите – Богата заплена во Чаир
    • ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, а финалето е заминувањето на Филипче
    • Млади жени од Перу мислеле дека ќе ја измамат македонската полиција – Веднаш се уапсени
    • 100 автобуси, нови мостови и булевари: ВМРО-ДПМНЕ со планови за Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да се вклучат во еко-акцијата: „Со засукани ракави и со срце за Скопје“

    Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да се вклучат во еко-акцијата: „Со засукани ракави и со срце за Скопје“

    28.10.2026 во 08:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Големата акција за чистење на Скопје продолжува денеска од 10 часот, со учество на илјадници волонтери во сите скопски општини. Акцијата ќе опфати повеќе од 50 локации, каде што ќе се чистат паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу станбените згради.

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук ги повика граѓаните да се приклучат и заеднички да придонесат за почиста и поздрава животна средина.

    „Силата на Скопје е во неговите луѓе. Во оние што ќе излезат од својот дом за да го направат поубав и заедничкиот. Во рацете што чистат, во свеста што се буди, во решителноста да оставиме нешто добро зад себе“, порача Ѓорѓиевски.

    Во акцијата ќе учествуваат општините и нивните градоначалници, ученици, волонтери и граѓани од различни генерации и професии. Целта е да се подобри состојбата со чистотата на јавните простори и да се поттикне поголема одговорност кон животната средина.

    Ѓорѓиевски нагласи дека секој придонес е важен и ги повика скопјани да се информираат во своите општини за конкретните локации и начинот на вклучување во акцијата.

    „Секој пар вредни раце значи уште едно почисто катче во нашиот град. Затоа, ве повикувам да ја претвориме желбата за поубаво Скопје во заедничка работа што ќе се гледа во секое маало“, истакна градоначалникот.

    Тој посочи дека институциите имаат обврска да обезбедат ред и редовно одржување на чистотата, но дека и граѓаните треба да придонесуваат за зачувување на заедничкиот простор. Според него, несовесното фрлање отпад и создавањето диви депонии мора да повлечат одговорност.

    „Нечија неодговорност не смее да го поништува трудот на илјадници луѓе. Верувам во Скопје, затоа што верувам во скопјани и во силата да се обединиме“, порача Ѓорѓиевски.

    Тој најави дека активностите ќе продолжат со цел грижата за јавните површини да стане секојдневна навика, а не само дел од организирани акции.

    „Се гледаме во 10 часот. Со засукани ракави и со срце за Скопје. Зад нас нека останат чисти маала и пример што ќе го следат генерации. Да оставиме пример, не ѓубре“, порача градоначалникот.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Многу споени викенди во 2027 – Кои празници ни носат три дена одмор

    28.10.2026 во 10:06

    Фалат речиси осум тони медицински канабис – Кривични пријави против фирма и управител од Македонија

    28.10.2026 во 09:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.