УХМР ги измери температурите во Македонија ова утро, среда, 28.10.2026. Според мерењата на синоптичарите, најстудено утрово е на Попова Шапка каде е измерен само еден степен над нулата, по што следат Лазарополе и Радовиш со само два степени.
Ова утро во седум часот УХМР измери највисока утринска температура во Велес и тоа 10 степени.
Во Скопје во седум часот се измерени 9 степени, со што Скопје е едно од потоплите места.
УХМР ја прикажува и табелата за врнежи во изминатото деноноќие:
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе достигнува брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе се движи од 0 до 10 степени, додека максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во наредните денови се очекува период на променливо облачно време. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во текот на викендот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

