Close Menu
Press24
    Најново

    Многу споени викенди во 2027 – Кои празници ни носат три дена одмор

    28.10.2026 во 10:06

    Подигнато црвено ниво на безбедност – Полицијата е на нозе по терористичкиот напад во Србија

    28.10.2026 во 09:59

    Фалат речиси осум тони медицински канабис – Кривични пријави против фирма и управител од Македонија

    28.10.2026 во 09:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Многу споени викенди во 2027 – Кои празници ни носат три дена одмор
    • Подигнато црвено ниво на безбедност – Полицијата е на нозе по терористичкиот напад во Србија
    • Фалат речиси осум тони медицински канабис – Кривични пријави против фирма и управител од Македонија
    • Игор Џамбазов домаќин на боемите, македонскиот шоумен во поддршка на македонската музика
    • ВИДЕО+ФОТО: Царината ги “чешла” пазарите – Богата заплена во Чаир
    • ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, а финалето е заминувањето на Филипче
    • Млади жени од Перу мислеле дека ќе ја измамат македонската полиција – Веднаш се уапсени
    • 100 автобуси, нови мостови и булевари: ВМРО-ДПМНЕ со планови за Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Личната карта и возачката дозвола и на мобилен телефон – Полесен пристап до документи преку „м.Услуги“

    Личната карта и возачката дозвола и на мобилен телефон – Полесен пристап до документи преку „м.Услуги“

    28.10.2026 во 08:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните ќе добијат нова можност за користење на електронските јавни услуги преку мобилен телефон со апликацијата „м.Услуги“, која денеска ќе биде официјално претставена од Министерството за дигитална трансформација.

    Промоцијата ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, каде што ќе бидат демонстрирани функциите на апликацијата и начинот на кој таа ќе го олесни пристапот до дигиталните документи и услугите на институциите.

    На настанот се најавени обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.

    Според најавите од Министерството, новата апликација претставува почетен чекор кон воспоставување дигитален паричник, преку кој повеќе документи и услуги ќе бидат достапни на едно место.

    „Ова ќе биде наш прв чекор кон дигиталниот паричник. Апликацијата е бесплатна за преземање и не е задолжителна, но ќе нуди многу нови погодности. Ќе го свртиме фокусот кон тоа државата да биде достапна на мобилен телефон, односно на дланка“, изјави Андоновски пред промоцијата.

    Во почетната фаза, корисниците ќе можат да пристапат до дигитални верзии на личната карта и возачката дозвола, како и до три електронски услуги наменети за граѓаните. Апликацијата ќе биде достапна бесплатно преку Google Play и App Store, а за преземање на дигиталните документи ќе биде потребно внесување на личните податоци и бројот на личната карта, според најавената постапка.

    Плановите за следниот период предвидуваат проширување на апликацијата со податоци од системот „М.здравје“ и интегрирање на европската младинска картичка. На тој начин, платформата постепено треба да обедини поголем број документи и услуги на едно место.

    Прифаќањето на електронските документи од страна на институциите ќе се воведува постепено, со усогласување на подзаконските акти и зајакнување на институционалните капацитети, најави министерот.

    Со воведувањето на „м.Услуги“, надлежните најавуваат продолжување на процесот на дигитализација на јавната администрација и поедноставување на пристапот на граѓаните до услугите на државните институции.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Многу споени викенди во 2027 – Кои празници ни носат три дена одмор

    28.10.2026 во 10:06

    Фалат речиси осум тони медицински канабис – Кривични пријави против фирма и управител од Македонија

    28.10.2026 во 09:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.