Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го охрабрила поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да се вклучи во трката за генерален секретар на Обединетите нации, додека Русија и Кина изразиле подготвеност да ја поддржат оваа идеја, пренесува „Волстрит џурнал“.
Според медиумските наводи, доколку САД, Русија и Кина постигнат согласност во Советот за безбедност на ОН, планот има големи изгледи за реализација. Извори од американскиот Стејт департмент проценуваат дека Орбан би можел да добие поддршка од десет од вкупно 15-те членки на Советот за безбедност, додека Велика Британија и Франција остануваат претпазливи кога станува збор за правото на вето.
Инаку, процесот на избор на нов генерален секретар се соочува со предизвици, бидејќи во прелиминарните кругови на гласање ниту еден од кандидатите сè уште не успеал целосно да ја исклучи можноста за вето од некоја од петте постојани членки на Советот за безбедност.

