Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски ги претстави македонските здравствени приоритети на состанокот на СЗО во Копенхаген

    27.10.2026 во 16:19

    Кога недовербата станува здравствен ризик: факти, одговорност и решенија Д-р Александра Георгиева, специјалист кардиолог

    27.10.2026 во 16:13

    Петмина повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу „пежо“ и „форд“ во Струмица

    27.10.2026 во 16:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски ги претстави македонските здравствени приоритети на состанокот на СЗО во Копенхаген
    • Кога недовербата станува здравствен ризик: факти, одговорност и решенија Д-р Александра Георгиева, специјалист кардиолог
    • Петмина повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу „пежо“ и „форд“ во Струмица
    • Кривична пријава за 18-годишен кумановец: Полицијата му пронајде автоматска пушка и муниција
    • Вучиќ: Се соочуваме со терор, но нема да се повлечеме
    • Тренчевска: Вториот ребаланс е фискален пораз, признание за неспособност и паника во државната каса
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Темелно и редовно го чистиме плоштадот „Македонија“, подната фонтана пуштена во пробна работа
    • Петрушевски: Со ребалансот ги усогласуваме буџетските средства со реалната динамика на проектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски ги претстави македонските здравствени приоритети на состанокот на СЗО во Копенхаген

    Клековски ги претстави македонските здравствени приоритети на состанокот на СЗО во Копенхаген

    27.10.2026 во 16:191 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски, ги претстави клучните приоритети на македонското здравство на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, што се одржува во Копенхаген.

    За време на своето обраќање пред министрите за здравство од регионот, Клековски посочи дека сите европски земји се соочуваат со слични предизвици во овој сектор.

    – Предизвиците со кои се соочуваме се заеднички за цела Европа: стареење на населението, сè повеќе незаразни болести и заминување на здравствени работници. Одговорот бара вложување, добри политики и соработка – истакна Клековски.

    Тој ги дефинираше главните насоки во кои ќе се развива домашниот здравствен систем:

    • Дигитално здравство за поповрзан и потранспарентен систем,
    • Посилна примарна заштита и превенција со рано откривање на болестите, вклучително и ракот,
    • Поголема примена на забраната за пушење и мерки за засладените пијалоци,
    • Подобар пристап до лекови и поголема заштита за пациентите.

    Клековски упати благодарност до СЗО и тимот во Скопје за континуираната поддршка, порачувајќи дека заедничката работа продолжува за обезбедување подобро здравје за сите граѓани.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Вториот ребаланс е фискален пораз, признание за неспособност и паника во државната каса

    27.10.2026 во 15:27

    Петрушевски: Со ребалансот ги усогласуваме буџетските средства со реалната динамика на проектите

    27.10.2026 во 14:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.