Маж пристигнат од Нигерија е примен под сомнение за зараза со вирусот ебола во Универзитската болница во Цирих, додека жена е префрлена на лекување во Женева. Според официјално соопштение од нигериските власти, станува збор за брачен пар, а жената е сопруга на швајцарски дипломат.
Швајцарските здравствени власти веднаш активираа протоколи за изолација и заштита откако пациентката беше медицински евакуирана од Нигерија.
Универзитетската болница во Цирих потврди дека мажот е хоспитализиран за дополнителни анализи, но одби да го открие неговиот идентитет. Во исто време, нигериската влада претходно соопшти дека жената, кај која беа регистрирани симптоми на ебола, изутрината отпатувала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација, а нејзиниот сопруг бил во истиот авион.
Засега не се објавени детали за моменталната здравствена состојба на пациентите. Властите во Женева одбија да даваат поединечни изјави и најавија дека швајцарската влада наскоро ќе излезе со официјално соопштение за случајот.

