По немирите и собирите пред просториите на телевизијата „Информер“, револтот на граѓаните во Белград се прелеа и пред седиштето на телевизијата „Пинк“, пренесуваат медиумите.
Пред објектот на телевизијата се собра поголема толпа граѓани кои со извици, фрлање јајца кон фасадата и пеење на песната „Излези мала“ го искажуваат своето незадоволство. Возачите кои минуваат со возилата по сообраќајницата со континуирани сирени даваат поддршка на насобраните граѓани.
Припадниците на српската полиција интервенирале со формирање на строг кордон директно пред влезот на зградата, со цел да ја заштитат телевизиската куќа од евентуални оштетувања. На терен се распоредени засилени полициски сили, додека толпата одбива да се разиде.

