Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лукаревска за вториот ребаланс: Потврда за промашено планирање, намалени капитални инвестиции и високи трошоци за живот
    • Андоновски: Електронските услуги им го олеснуваат работењето на компаниите
    • Се оженил пред 10 дена, сега пронајден со прострелна рана во главата – Почина познатиот рапер
    • 11-годишната ќерка успеала да истрча од станот и да побара помош од полицијата за да ја спаси мајка си, ужас во соседството
    • УХМР со метеоаларм за утре: Најавен е силен ветер со брзина од над 60 км на час
    • Манасиевски: Филипче си ја ишка мувата од капата
    • Филипче: Ќе ја искорениме корупцијата
    • Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска за вториот ребаланс: Потврда за промашено планирање, намалени капитални инвестиции и високи трошоци за живот

    Лукаревска за вториот ребаланс: Потврда за промашено планирање, намалени капитални инвестиции и високи трошоци за живот

    26.10.2026 во 17:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вториот ребаланс на буџетот не носи фискална консолидација, туку го задржува зголемениот дефицит на високо ниво, додека јавниот долг останува опасни блиску до законскиот праг од 60 отсто од БДП, истакна пратеничката од СДСМ и претседателка на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, за време на денешната комисиска расправа.

    Лукаревска нагласи дека документот претставува јасна потврда за нереалното планирање на владините економски политики, потсетувајќи дека додека во јули зголемениот дефицит се правдаше со развојни капитални инвестиции, октомвриските бројки покажуваат нивно кратење.

    „Во јули дефицитот беше зголемен за околу 7 милијарди денари поради капитални расходи, но во октомври тие се намалени на 40,1 милијарда, што е речиси идентично со почетниот план, додека дефицитот останува висок. Дополнителните инвестиции се повлечени, тековните расходи растат, а приходите се ревидирани надолу“, истакна Лукаревска.

    Таа додаде дека се кратат средства од клучни сектори како што се животната средина, енергетиката, образованието и здравството, додека пак за граѓаните нема предвидено мерки за зголемување на минималната плата ниту соодветна поддршка за справување со зголемените животни трошоци. Според неа, синдикалната минимална кошничка надминала 70.000 денари, додека платите не ги следат реалните поскапувања на терен.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Филипче си ја ишка мувата од капата

    26.10.2026 во 16:02

    Филипче: Ќе ја искорениме корупцијата

    26.10.2026 во 15:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.