Познатиот рапер и социјален активист Миша Маваши почина на 41-годишна возраст, само десет дена по неговата свадба, а околностите под кои настапила смртта сè уште се предмет на истрага.
Музичарот и основач на движењето „Северен човек“ го загубил животот во текот на ноќта меѓу 24 и 25 октомври 2026 година. Веста за неговото заминување првично беше објавена на неговиот официјален Телеграм-канал.
Според информациите достапни во јавноста, Маваши бил пронајден и пренесен во болница со прострелна рана во главата, откако неговата сопруга, со која се ожени на 15 октомври, повикала итна медицинска помош. Надлежните органи работат на целосно расветлување на настанот и утврдување на точните околности.
Маваши стекна регионална препознатливост пред повеќе од една деценија преку песни со кои промовираше спорт, дисциплина и здрав начин на живот, а во јавноста беше познат и по неговата поранешна борба со зависноста и тешките здравствени предизвици.

